ПРИЈАВЕТЕ СЕ НА СОВЕТУВАЊЕ НА ТЕМА “КОНЦЕПТ НА ЕДНАКВОСТ И АНТИДИСКРИМИНАЦИЈА ” НАМЕНЕТО ЗА АДВОКАТИ ОД АПЕЛАЦИОНО ПОДРАЧЈЕ БИТОЛА

Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев” во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Адвокатската комора на Република Македонија, организира советување на тема “Концепт на еднаквост и антидискриминација”, наменето за судии од граѓанските оддели и адвокати од апелационото подрчје Битола. Советувањето ќе се одржи од 11 – 13 Мај 2015 година /понеделник – среда/ во х. Милениум, Битола. Сите колеги кои се заинтересирани да земат активно учество на ова советување, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk. Повеќе

ПРИЈАВЕТЕ СЕ НА СОВЕТУВАЊЕ НА ТЕМА “КОНЦЕПТ НА ЕДНАКВОСТ И АНТИДИСКРИМИНАЦИЈА “

Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев” во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Адвокатската комора на Република Македонија, организира советување на тема “Концепт на еднаквост и антидискриминација”, наменето за судии од граѓанските оддели и адвокати од апелационото подрчје Гостивар. Советувањето ќе се одржи од 27 – 29 Април 2015 година /понеделник – среда/ во х. Алпина, Маврово. За сите учесници обезбедени се две ноќевања. Сите колеги кои се заинтересирани да земат активно учество на ова советување, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk. Повеќе

СТРУЧНО СОВЕТУВАЊЕ НА ТЕМА “СООБРАЌАЈНО-ТЕХНИЧКИ ВЕШТАЧЕЊА КАКО ОСНОВА ЗА КВАЛИТЕТНО РЕШАВАЊЕ НА СУДСКИ СПОРОВИ”

Бирото за судски вештачења – Скопје организира Второ стручно советување од областа на сообраќајното и машинско вештачење, на кое советување учество ќе земат еминентни професори од Македонија и регионот, како и стручни лица од сообраќајната и машинската област. Советувањето ќе се одржи на ден 7 и 8 Мај 2015 година /четврток и петок/, во хотел Силекс во Охрид. Сите заинтересирани кои би сакале да земат учество на советувањето, повеќе информации во однос на темите кои ќе се обработуваат и во однос на начинот на пријавување можат да најдат тука: Покана за стручно советување 2015 Повеќе

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ТРУДОВИ ДО ЗКПКМ

Здружението за кривично право и криминологија во Македонија, во рамките на проектот “Зајакнување на улогата на одбраната во кривичната постапка во Република Македонија”, кој е финансиски поддржан од страна на Амбасадата на САД во Скопје, објави Повик за доставување на трудови до ЗКПКМ. Трудовите ќе бидат објавени во посебното издание на Македонската ревија за казнено право и криминологија. Повеќе информации во однос на повикот за доставување на трудови, можете да добиете на следниот линк: Повик за трудови од ЗКПКМ. Повеќе

ИНФОРМАЦИЈА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАКЛУЧОК НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ОДНОС НА НЕУСОГЛАСЕНОСТ НА ИНСТИТУЦИИТЕ ВО ПРАВОСУДНИОТ СИСТЕМ ПРИ ДОНЕСУВАЊЕ НА СУДСКИТЕ ПРЕСУДИ ЗА РАБОТНИ СПОРОВИ

Во прилог Ви ја доставуваме Информацијата за реализација на Заклучок на Владата на Република Македонија по однос на неусогласеност на институциите во правосудниот систем при донесување на судските пресуди за работни спорови, со цел Ваше запознавање и унифицирање на петитумите на тужбеното барање кај работните спорови, во правец на цитирање на износот на месечната нето плата, на кој износ адвокатите би требало да бараат тужените да ги пресметаат и извршат исплата на придонесите од задолжително социјално осигурување, односно истите да бидат описно содржани на име бруто плата. Прилог:  Информација за реализација на Заклучок на Владата на Република Македонија по однос на неусогласеност на институциите во правосудниот систем при донесување на судските пресуди за работни спорови   Повеќе

АДВОКАТСКИ РОКОВНИЦИ ЗА 2015 ГОДИНА

Почитувани колеги, Во тек е подигнување на Адвокатските роковници за 2015 година. Заради избегнување на проблемите со доставата на адвокатските роковници, оваа година адвокатите кои се регистрирани за вршење на адвокатската дејност во Скопје, роковниците треба да ги подигнат од просториите на Адвокатската комора на Република Македонија или од просторијата на АКРМ во Апелационен суд Скопје. Колегите кои адвокатската дејност ја вршат во другите градови, роковниците можат да ги подигнат од адвокатските канцеларии на претседателите на односната Адвокатска заедница. Повеќе

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ДИСЦИПЛИНСКИОТ ОБВИНИТЕЛ

  ДО СИТЕ АДВОКАТИ И АДВОКАТСКИ ДРУШТВА   Согласно на член 30 став 1 од Законот за адвокатура, определено е дека адвокатите се одговорни за стручно и совесно вршење на адвокатската должност и за чување на угледот на адвокатурата, а согласно на став 3 од тој член, со акт на Адвокатската комора на Република Македонија, поблиску се утврдуваат повредите на вршење на адвокатската должност и угледот на адвокатурата. Рекламирањето на адвокатот и адвокатската дејност и давањето на правни совети е забрането со актите на Адвокатската комора на Република Македонија, и тоа со Статутот, Кодексот на професионална етика и Правилникот за дисциплинска одговорност на АКРМ. Според Член 51 од Статутот на Адвокатската комора на Република Македонија “Забрането е рекламирање на адвокатската дејност и давање на правни совети во печатени и електронски медиуми. Не се смета за рекламирање истакнувањето на податоци на адвокатот или адвокатското друштво на нивната лична ВЕБ страна на интернет, под услови определени во Правилникот за дисциплинска одговорност.” Во Кодексот на професионална етика на адвокатите, адвокатските стручни соработници и адвокатските приправници на АКРМ, дел 1. Општи Принципи, точка 5 – лично рекламирање, е определно: “Адвокатот не смее да се рекламира или да бара личен публицитет на недостоен начин”. Согласно […] Повеќе

10 ДЕКЕМВРИ – ЕВРОПСКИ ДЕН НА АДВОКАТИТЕ

Почнувајќи од оваа година по иницијатива на CCBE – Сојуз на адвокатски комори на Европа, започнува одбележување на Европски Ден на Адвокатите, со цел јавноста да се предупреди и поттикне на размислување за суштината на адвокатската професија како заштитник на човековите права и несомнено еден од најважните фактори во општеството. Оваа година одбран е 10 Декември, со оглед дека се поклопува со Светскиот ден на човекови права. Темата усвоена од CCBE е “Mасовно државно следење на комуникациите помеѓу адвокатите и клиентите”. Адвокатската комора на Република Македонија ги поттикнува своите членови на on-line дискусија на тема ” Доверлив однос помеѓу адвокат и клиент, заштита на професионална тајна и предметот на работа (состојби, регулатива и унапредување)”. Ве поттикнуваме Вашите размислувања на темата да ги доставувате во електронска форма до Адвокатската комора на Република Македонија. Во тој правец CCBE продуцираше интервју со Бен Визден, правен советник на Едвард Сноуден, кое можете да го погледнете тука. Повеќе

БОРБАТА НА НОТАРИТЕ Е ЗА 11 МИЛИОНИ ЕВРА

  `БОРБАТА НА НОТАРИТЕ Е ЗА 11 МИЛИОНИ ЕВРА`  Дневник, објавено на 21 Ноември 2014 година   прочитајте на следниот линк: http://dnevnik.mk/?ItemID=BFD53A745F05564897317899AB477099 Повеќе

МАКЕДОНСКИТЕ НОТАРИ УЧАТ ЛЕКЦИИ ВО СКОПЈЕ ОД ОСПОРЕНАТА БОСАНСКА КОМОРА

  `МАКЕДОНСКИТЕ НОТАРИ УЧАТ ЛЕКЦИИ ВО СКОПЈЕ ОД ОСПОРЕНАТА БОСАНСКА КОМОРА`   Дневник, објавено на 20 Ноември 2014 година   прочитајте на следниот линк: http://dnevnik.mk/?ItemID=3ED642BB4CC0BE4AA1D7CFFA77F7D9FE Повеќе